Медијумската турнеја на модниот филм House of Gucci е официјално започната, а актерите, на чело со Lady Gaga, се во функција на промоција на филмот чије прикажување во кината е закажано за 24 ноември.
Пеачката и актерка Lady Gaga е во медиумската кампања за промоцијата на филмот House of Gucci во која ја толкува главната услога. Имено, минатата недела Lady Gaga, Adam Driver, Salma Hayek и Jared Leto, со повеќе членови на актерската екипа, се појавија на црвениот тепих на Odeon Luxe Leicester Square во Лондон, со изглед достоен за претставување на моден филм.
Во филмот режиран од Ridley Scott, во кој пејачката-актерка го толкува ликот на Patrizia Reggiani, приказната ја следи реалната сторија: од ангажман на платен убиец за нејзиниот поранешен сопруг, до сето што условило и е последица на еден ваков потег.
Во House of Gucci се појавуваат и Al Pacino, Jeremy Irons, Reeve Carney и Jack Huston. Филмот е заснован на книгата на Sara Gay Forden „ The House of Gucci и претставува сензационална приказна за убиство, лудило, гламур и алчност во едно од најбогатите модни семејства во Италија./М.М.