Неделата на Модна револуција (Fashion Revolution Week) бара фер плати за работниците во глобалната модна индустрија.

Во пресрет на празникот на трудот, Први мај, во Данска е одржана Недела на модната револуција (Fashion Revolution Week). Модната недела во Копенхаген, како поддржувач на револуција во модната индустрија, ја поттикнува европската заедница да се приклучи кон кампањата „Добра облека. Фер плати.„ (Good Clothes Fair Pay) чија цел е да се заштити правото на фер плата во глобалната модна индустрија.

Good Clothes Fair Pay е кампања со која се бара легислатива за животна плата во секторот за облека, текстил и обувки. Потребни се еден милион потписи од граѓаните на ЕУ, за да се заложиме за законодавство кое бара од компаниите да спроведат длабинска анализа на животната плата во нивните синџири на снабдување. Повеќе за кампањата може да се прочита на веб-страницата Good Clothes Fair Pay кампањата. https://www.goodclothesfairpay.eu/

Во соопштението на Модната недела во Копенхаген, како поддржувач на кампањата се посочува дека поголем број од работниците во глобалните синџири за снабдување со облека, текстил и обувки, од кои повеќето се жени, не добиваат плата што ќе им овозможи да си дозволат пристоен животен стандард.
Напорите на засегнатите страни во посочените индустрии се недоволни, кога се во прашање платите и стандадот на работниците. Препознавајќи ја јасната потреба за соодветно законодавство за ова прашање, кампањата со која се апелира дека за добра облека треба и фер плата за оние кои ја создаваат, ја мобилизира Европската граѓанска иницијатива (ECI) за законодавство со кое би се поддржале фер платите во глобалната индустрија за облека, обувки и текстилна индустрија.
За сериозноста на состојбите, кога е во прашање глобалната модна индустрија и нејзиното влијание врз животот на оние који ја создаваат, како и на планетата во целина најдобро говорат податоците од пораката на Неделата на модната револуција:

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.