Модните агенции ширум светот секогаш се во потрага по нови лица, за да можат да ги засилат своите редови со нови модели за предстојните сезони. Па така и реномираната модна агенција од Скопје, Моделс ИН Менаџмент, реши да направи кастинг на кој ќе може да се пријават новите модели.
Младите девојки и момчиња можат да се појават на кастингот што ќе се одржи во сабота ( 02.10.21 ) со почеток во 14 часот, во Јавна соба (Public Room). Едноставно облечени, без никакви формални кодекси на облекување, сите идни модели треба да бидат едноставни и насмеани – и тоа е доволно за првиот впечаток.

Моделс ИН како агенција работи веќе 21 година, и ја задржа нејзината примарна цел – да пласира модели во светскиот моделинг. Како матична агенција стои и зад веќе докажани имиња, како Елена Реи, Ивана Манас, Павле Николовски, Андреј Пајмаковски, Ана Калачоска, Јована Нешова, Сандра Цветкова, Христијан Стојаноски и многу други модели кои припаѓаат на интернационалниот моделинг.
Сопствениците и менаџери на оваа модна агенција Надица и Алек ветуваат дека ќе ги откријат новите топ модели./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.