Малата кујна немора да значи дека треба да го намалите приоритетот на декорот – всушност – ова треба да ви даде поттик, за вашата кујна да изгледа попретставителна – и пофункционална.
Дури и најмалата кујна може да стане центар на вашиот дом од соништата. Да се биде краток на квадратни метри никогаш не треба да го инхибира дизајнот на вашата кујна. Без разлика дали работите со стотици квадратни метри или само десетина или два, да го добиете просторот за готвење во врвна форма и естетски и функционално, се што ви треба се неколку мали трикови и идеи за дизајнирање кујна.
Да се искористи максимално ограничениот простор, треба добро планирање за да се одбегне физичкиот и визуелен неред. Со внимателна употреба на боја, дезен и материјал, до светли бои кои даваат илузија на поголема површина, можете да и дадете и на најтесната кујна многу живот и карактер.
Она што ви треба е успешен дизајн во кој накусо се и:
– Просторно-ефикасен план за кујната;
– Општо, и акцентско осветлување ;
– Мултифункционални решенија за складирање;
– Светли тонови боја на sидот.