Мали, слатки и пред се вкусни, мињоните се секогаш добредојдени за родендени, празници, слави и сите други прослави. Добредојдени се и за крај на неделниот ручек.
Потребни состојки:
- 500 гр. урми свежи (ситно сечкани)
- 200 гр. ореви мелени
- 300 гр. бисквити мелени
- сок од портокал
- 200 гр. чоколадо за готвење (за глазура)
Подготовка:
Се мешаат урмите, оревите, бисквитите и сокот од портокал.
Силиконската модла за мињони се премачкува со еден слој стопено чоколадо, па се става 5 минути во замрзнувач, да се стегне чоколадото. Истата постапка се повторува и втор пат. Силиконските модли се вадат од замрзнувач за да се наполнат со смесата од урми, ореви и бисквити, па се ставаат во замрзнувач околу 10 минути. Мињоните се вадат од модлите и се сервираат со зашеќерен портокал. Доколку немате модли, се формираат топчиња од смесата и секое се става во стопено чоколадо. Наздравје! /Б.Б.