Брзиот начин на живеење, пост-пандемичниот период и новите сфаќања, како и развојот на технологијата и новите очекувања на потрошувачите, креираа нова реалност во која денешниот потрошувач од речиси сите генерации гради својата доверба за он-лајн купувањето, како и реалност во која е-шопингот е сè почест начин на купување.
Онлајн продавницата на МИНИСО Македонија, вклучува големи придобивки за сите регистрирани корисници, како бесплатна достава за нарачки над 3.000 денари, онлајн поддршка 24/6, безбеден систем при плаќање, како и 100% поврат на средства, односно до 15 дена враќање на пратка.
„Со овој потег на онлајн трансформација, МИНИСО како бренд инспириран од јапонската мода и стил, полека, и официјално се префрла во светот на онлајн шопингот. Големиот избор од над 8.000 производи, од кои дел се специјални линии на соработка на Минисо со глобални бренд имиња и франшизи како Марвел и Дизни, креира посебен свет од лајфстајл производи за сите вкусови и возрасти,“ изјави Кристина Маркоски Зимбакова, генерален директор на МИНИСО Македонија.
Македонската пејачка Лара Иванова е бренд амбасадор на Минисо Онлајн и во претстојниот период Минисо и Лара најавуваат голем број изненадувања. Официјалната македонска веб продавница на МИНИСО е веќе активна и достапна за сите заинтересирани љубители на уникатни и интересни лајфстајл подароци – minisomacedonia.com.mk./М.М.