Иако Црниот петок помина, бројни се и купувачите, како и продавачите за кои беше загревање пред ново предпразнично купување. Срамнувајќи ги резултатите во САД објавија дека е пазарувано во вкупна вредност од осум милијарди долари – за резултатите на другите простори податоците веројатно ќе треба да ги почекаме.

Без оглед дали сакавте само да разгледувате или, да се фрлите во потрага по примамливи попусти за наредните предпразнични купувања, Црниот петок, а некаде и цела недела, беа интересна можност за преглед на електронските продавници. Некои брендови своите објави за попустите ги поставија и порано, некои нудеа продажба со значителни попусти и во понеделникот потоа.

Како и да е, погледнете ги попустите понудени од неколку модни адреси на кои можевте пригодно да пазарувате. Можеби ќе ги посетите и во претстојните недели.

Да почнеме со Масимо Дути, кадешто зимските парчиња можеа да се купат со 40-процентен попуст, или на страницата Reserved, каде што можеа да се најдат парчиња од специјалната понуда со попуст од 50 проценти. COS подготви вистинско уживање за своите фанови, бидејќи нивното намалување траеше цела недела, исто како за љубителите на брендот Uniqlo. Големи попусти на количина имаше и Манго Аутлет.

Од останатите имиња свои посебни понуди подготвија и брендовите Comma, на фустаните и долната облека, S. Oliver на плетива и трикотажи, или Diesel, со попуст од 30 проценти на целата понуда. Како и тогаш, попусти очекувајте повторно и на електронските продавници на Guess, Pinko, како и Replay, а модни додатоци на Parfois. / М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.