Од драматична црвена тоалета на Miranda Priestly до неочекуван пад на скалите — продолжението носи нови изненадувања и незаборавни моменти.
Снимањето на продолжението на култниот филм „The Devil Wears Prada“ е во полн ек, а на сетот во Њујорк викендов учествуваа и ѕвездите на продукцијата.
Мерил Стрип и Стенли Тучи беа фотографирани додека снимаа сцена од филмот инспирирана од хуманитарниот настан Мет Гала, чија тема е „Пролетни цветови“ — што претставува шеговита алузија на култната сцена од оригиналниот филм од 2006 година.
Во филмот, Стрип повторно ја толкува улогата на Miranda Priestly, уредничката на модното списание Runway, која овој пат се појавува во спектакуларна црвена тоалета со асиметрично деколте и дијамантски накит од Jacob & Co.
Сцената е снимена во American Museum of Natural History во Њујорк, каде што актерите чекорат по скалите како да се дел од вистински Мет Гала настан. На некои од фотографиите од сетот може да се забележи сцена каде што Миранда е падната на скалите, што најавува нови изненадувања во улогата на моќната уредничка.
Надвор од локацијата се забележуваат банери со тема „Пролетни цветови“ на сина позадина – директна референца на оригиналниот филм и препознатливата иронија на ликот Miranda.
Покрај Стрип и Тучи, во продолжението се враќаат и другите ликови: Ен Хатавеј како Andrea „Andy“ Sachs и Емили Блунт како Emily Charlton, додека новите членови на актерската екипа вклучуваат имиња како Патрик Брамал, Кенет Брана, Симон Ешли и Полин Шаламе.
Според првичните информации, новиот филм ќе ја следи Miranda Priestly во време на трансформација на традиционалното списание, додека се соочува со конкурентни предизвици, вклучувајќи ја и улогата на Emily Charlton, која сега зазема висока раководна позиција во модна компанија.
Во текот на снимањето во срцето на Манхетен владее вистинска возбуда, а жителите и фановите не штедат време да ја уловат секоја сцена со своите телефони и TikTok видеа. Низ улиците се шетаат млади љубители на модата, во потрага по стилските детали од филмот. Ан Хатавеј ја доловува улогата на богата хипстерка од Бруклин, носејќи парчиња од најпознатите модни имиња како Chanel и Re/Done, додека Мерил Стрип останува верна на препознатливиот стил на Миранда Пристли — со фризурата и длабоките, „ледени“ очила. Новите ликови и мистериозни детали, како логото на новото списание „Adore“ ја зголемуваат интригата на модните ентузијасти.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.