Во Анталија, Турција се одржа изборот за Кралица на Евроазиja (Queen EURASIA 2023). Нашава држава ја претставуваше 17 годишната Мелани Трајковска, од Делчево, која успеа да ја освои титулата Кралица на модата (Queen of fashion). Победничка на изборот е претставничката на Унгарија.

Ова е уште една од низата титули што девојките од Модното студио Црнокрак ги освоија годинава на интернационалните избори за убавина што се одржуваа ширум светот, уште еднаш потврдувајќи дека се вистински амбасадори на македонската убавина. На изборот учествуваше и 20годишната Љубица Блажеска, од Струга, која исто така направи убав успех со пласманот во финале, меѓу најубавите десет девојки.
Изборот се одржа во прекрасниот CESAR TEMPLE DE LUXE хотел во Белек-Анталија, кадешто девојките беа сместени и се подготвуваа за финалниот избор. Член на жирито беше и нашата Сандра Стефановска, која беше победничка на овој избор во 2017-та година./М.М.


More in:Вести

You may also like

Comments are closed.