Дизајнерот на мебел Giorgio Caporaso останува доследен на себе и на неговиот уникатен, еколошки опсег на мебел, обликуван од картон. Овој изненадувачки силен материјал е особено убав по своите заоблени линии, прекрасно заоблените рабови на неговите лежалки, наредените полици и маси.
Дизајнерот, кој потекнува од Варезе, Италија, првично студирал архитектура, но подоцна специјализирал индустриски и внатрешен дизајн. Повеќе од една деценија, се што работи е со еколошка нота, од создавање на еколошки производи, до првата линија за ентериери, наречена MORE.
Победник е на British European Design за Design Futures во 2008 година и од тогаш тој не го менува еколошкиот форус, претставувајќи ја својата зелена формула бројни настани, како, International Architecture Biennial in Venice, каде што беше ставен на листата на почесни учесници.
За разлика од мебелот од природно дрво, системите на Капорасо може евтино и лесно да се поправаат, а потоа и рециклираат.
Флексибилноста и издржливоста на картонот исто така ги охрабри архитектите да го користат – Шигеру Бан е особено чест материјал и може да се користи за да создаде буквално сè, од канцеларии до катедрали. Она што би сакале да го видиме е 100% картонска куќа со 100% картонски ентериери./M.M. GiorgioCaporasoEcodesignCollection_LESSMORE-538×403 Article_a4225ade528ae92b2712cf088d295b44ca07b16e