Неделата на машката мода (Men’s Fashion Week), посветена на колекциите за пролет/лето 2025 предизвика особен интерес кај целната публика. Фактот што во текот на изминатите неколку години, машката мода претрпе значителна трансформација, во насока на своевидно ослободување од традиционалните општествени норми и кон поширување на спектарот на стилови, ја зголемите љубопитноста за предложените трендови.


Прикажаниот импресивен спој на иновации и носталгија, како да ја нагласува промената кон поекспресивни и индивидуалистички модни избори. Дизајнерите поместуваат граници со смели палети на бои, наспроти типичните пригушени тонови кои најчесто се поврзуваат со машката мода. Преовладуваат живописни нијанси и неочекувани комбинации на бои, при што дизајнерите вградуваат и различни, досега ретко употребувани ткаенини.


Неделата на машката мода овој пат се залага за опуштен, безгрижен начин на живот: крутите, структурирани силуети се заменети со помеки и поудобни дизајни. Добиена нова удобност и леснотијата без да се загрозува стилот подразбира широки панталони, големи блејзери и лелеави кошули кои доминираат на машките писти.


Од ревијата на Louis Vuitton, одржана во седиштето на UNESCO, до слободоумната и младешка ревија на Gucci, овогодинешната машка модна недела пролет/лето 2025 година е доказ за постојано развивање на пејзажот на машката мода. Поттикнување на мажите да се ослободат од традиционалните ограничувања и да прифатат послободен, забавен и експресивен начин на облекување./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.