За колекцијата за мажи, наменета за пролет/лето 2023 година, Sarah Burton, креативната директорка на брендот Alexander McQueen, својата инспирација ја наоѓа на ноќното небо.

Ѕвездите се блескави кристали, извезени во форми на ѕвезди и небесни тела на разни делови од облеката – на костуми и панталони.
Колекцијата од 29 артикли, промовинана викендов, според боите наликува на она што се гледа на небото – со богати црни и светли, бели тонови, до пригушени виолетови нијанси.

Британскиот бренд е фокусиран на чисти, елегантни силуети: со костуми и блејзери со единечно и двојно закопчување, како и панталони со тесни и рамни ногавици.

Кожата е честа тема низ колекцијата, вклучувајќи и бројни модни додатоци.
Доминира памучната облека, претставувајќи интересно совпаѓање помеѓу светлите и темните тешки ткаенини, како кожата. Ќе послужат како совршен премин од топлите летни температури до постудените месеци.
Два изгледа имаат и метален печат со лого на брендот, за да и дадат на колекцијата дополнителен елемент на сјај.


Според официјалниот Инстаграм профил на Alexander McQueen, силуетите се фокусирани на „Науката и структурата, дисекцијата на кроењето, деконструирани и реконструирани“./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.