Bobe's bakery

Во сезоната на вишните, мафините со ова освежително овошје се безмалу задолжителен десерт. Нашиот рецепт за подготовка на 24 мафини затоа сметаме дека доаѓа во вистинско време.

Bobe’s bakery

Состојки:

  • 4 јајца,
  • 250 гр. шеќер,
  • 300 гр. брашно
  • Прашок за пециво
  • Две пакувања ванилин шеќер
  • 200 мл. јогурт
  • 70 мл. масло
  • 300 гр. вишни без семки
  • шеќер во прав за посипување

    Bobe’s bakery

Подготовка:

Јајцата, шеќерот и ванилин шеќер се матат со миксер додека не станат пенливи. Мешајте додека шеќерот не се раствори и убаво не се измеша. Се додаваат јогуртот и маслото. Намалете ја брзината на миксерот на минимум. Постепено, лажица по лажица, додавајте го просеаното брашно со прашокот за пециво и продолжете да матите уште малку додека смесата не се соедини и грутките не исчезнат.

Во намастени модли за мафини се става по една лажица од смесата и се пече десетина минути на 200 Ц. Се вадат од рерна и врз нив се редат по неколку вишни без семки, потоа се прелева со смесата, па се ставаат уште десетина минути да се печат, додека  да се зацрвенат.

Од оваа доза излегуваат 24 мафини. Оладени се посипуваат со шеќер во прав./Б.Б.

You may also like

Comments are closed.