Овие мафини се воздушести, меки како сунгерчиња полни со чоколатца и прекрасен вкус од бананите.


Состојки:

  • 2 меки банани
  • 2 јајца на собна температура
  • 60 мл млеко
  • 60 мл масло за готвење
  • 200 гр брашно
  • прашак за печиво
  • ванилин шеќер
  • 100 гр шеќер
  • прстофат сол
  • 50 гр чоколадни топчиња или исечкано чоколадо

Подготовка: Во длабок сад се матат јајцата, шеќерот и ванилата. Потоа им се додава млекото, маслото и прстофат сол се меша, па се додава брашното и прашакот за печиво. Оваа смеса се става во хартиени модли за мафини и не се преполнуваат, кои се ставени во модла за печење на мафини.
Потоа во секоја смеса додавам чоколадни топчиња и ги ставам да се печат 20 минути во загреана рерна на 220 Ц.

На здравје сладење!

 

You may also like

Comments are closed.