Laneige, корејска куќа на убавина, деновиве го претстави комплетот мини маски за усни што се нанесуваат пред спиење. Lip Sleeping Mask на Laneige магазинот ELLE ја стави на листата на најдобри нови производи за убавина, за во јуни 2024 година.


Брендот деновиве излезе со сет од четири мини маски кои доаѓаат во различни вкусови: од бобинки, слатки, до манго и леден чај од праска. Хидратантните својства што се наоѓаат во оваа маска за усни, а кои меѓу другото вклучуваат кокосово масло, шеа путер и путер од семе од мурумуру, овозможуваат усните преку ноќ да ја задржат влагата, за утредента да се свилено мазни и такви да останат до крајот на денот.
Понекогаш балсамот за усни не е доволен и колку и да нанесете, вашите усни сепак ќе изгледаат суви и испукани. Маската за усни на Laneige во текот на ноќта да ги смирува и навлажнува усните.
Laneige маската е направена со состојќи што формираат заштитен слој, за задржување на влагата и дејствување на активните елементи.
Комплексот од повеќе бобинки, богат со антиоксиданси и витаминот Ц , ќе услови заштита, обновување и отстранување на сувите и испукани делови. Заштитниот слој од оваа смирувачка маска помага и да се намали ронливоста и лупењето за усните и да станат еластични, мазни и меки./М.М.

You may also like

Comments are closed.