Подгответе се за вечер исполнета со емоции, страствени мелодии и извонредниот глас на Мариза, една од најпознатите светски изведувачки на фадо. На својата долгоочекувана турнеја, на петти април годинава Мариза ќе настапи во Македонската филхармонија, носејќи ѝ на публиката магија на португалската традиција и на современиот звук.
Мариза го започна својот музички пат во Лисабон, пред повеќе од дваесет години, а нејзиниот пробив на светската сцена дојде со албумот Fado em Mim, во 2001 година. Оттогаш, нејзиниот уникатен глас одекнува на најпрестижните концертни сцени, вклучувајќи ја париската Olympia, лондонскиот Royal Festival Hall и њујоршкиот Carnegie Hall.
Овој единствен концерт нуди можност да уживате во виртуозниот спој на музиката, културата и сензибилитет што ги освојува срцата ширум светот. Билетите се во продажба на mktickets.mk
Концертот се реализира со поддршка на генералниот спонзор, компанијата MTEL.
More in:Вести
Пригоден базар во Скопје Сити Мол -„Подари љубов, укради срце“
Во пресрет на Денот на вљубените – Свети Валентин, од 8 до 14 февруари, на ...
Утре и задутре – „Сити базар“ во Скопје Сити Мол
Од овој месец, на првиот кат од Скопје Сити Мол започнува „Сити базар“, нова иницијатива ...
CFDA дизајнерите донираат за Лос Анџелес
Модната индустрија на САД ги здружи силите за да им помогне на жртвите од пожарот ...
Versace пред продажба – дали Prada Group е купувачот
Вестите за потенцијалното купување на Versace од страна на Prada Group деновите предизвикаа бројни коментари, ...