Италијанскиот луксузен бренд Maison Valentino се извини за најновата рекламна кампања, поради која моделот Mitsuki Kimura беше остро критикувана на јапонските платформи за социјални медиуми.

Во рекламата што веднаш е отстранета од интернет, моделот позира со потпетици на парче ткаенина што личи на обе, или кимоно појас, положено на земја. На социјалните мрежи остро го осудија случајот со појасот, симболот на традиционалната јапонска култура, и фактот дека беше „газено“ од модел во чевли, некои сметаа дека глетката е богохулна.

Во официјалната изјава од модната куќа Valentino, во која освен што се нагласува посветеноста на брендот за негување на културата на еднаквоста, се вели и дека: „Ткаенината наликува на јапонскиот традиционален оби и Maison Valentino длабоко се извинува за било какво предизвикано дело “. Објаснето е и дека кампањата, во која учествуваат и корејската актерка Son Ye-jin и кинеската актерка Гуан Ксиаотонг, има за цел да ја потенцира врската помеѓу глобалните заедници и културите.

Son Ye-jin стана и амбасадор на новата кампања на Valentino. Станува збор за позната, наградувана актерка, која има глумено во хит филмови и ТВ-емисии, а која во рекламната кампања се појавува со кинеската актерка Гуан Ксиаотонг и веќе спомнатата Mitsuki Kimura.

Кампањата и именувањето на нејзиниот амбасадор имаа за цел Maison Valentino да им се доближи на азиските купувачи, бидејќи побарувачката за висока мода продолжува да се насочува кон пазарите на Кина, Јапонија и Јужна Кореја./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.