Пред два дена се одржа ревијата за познатиот бренд Rocco Barocco на која учествуваше и нашиот модел Сара Стои. Модниот спектакл е одржан на археолошките ископини на Помпеја, со што самата ревија доби на автентичност.

Инаку, нашата Сара Стои од неодамна престојува во Милано, кадешто е застапувана од светската агенција NEXT Management.

Огромна чест и задоволство се да ја видиме нашата Сара на една ваква ревија, кадешто настапува со сите светски модели, вели Алек Наумовски, од Моделс ИН Менаџмент.





















