Prada

Prada ја промовира својата колекција Пролет/Лето 2022 година, прикажувајќи ја најновата еволуција на модната куќа, откако лани Raf Simons и се приклучи на Miuccia Prada, како ко-креативен директор.

За SS22, Simons и Prada се насочија кон животот по пандемијата, прикажувајќи ја колекцијата преку моден филм, делумно снимен на плажите на Сардинија.

Prada

Коментирајќи ја дигиталната модна ревија за Вог, Miuccia Prada ги посочи темите на колекцијата: „Чувство на утопистот, идеалот, надежта, позитивноста. Да се ​​изложите на природата, да одите на плажа – тоа е слобода. Тоа е утописко. Тоа навистина е примарна потреба – исто така и интелектуална потреба “.

Prada

Најзабележителната летна тема беа кусите панталони, односно задолжително откриените нозе, но и покриената глава, со оригинално кроени капи кои на тилот имаат продолжение, со логото на брендот.

Prada додаде и цветни дезени на дуксерите и воведе наутичка тема преку слики од октоподи, сидра, риби и сирени.

Првите две минути од модниот филм се одвиваат во, како што беше објаснето „црвен тунел со меандри“, пред моделите да се појават на плажата на Сардинија, создавајќи „необично летно бегство, заклучувајќи во простор каде што природата и артефактот комуницираат“.

Prada

Начинот на кој беше претставена колекцијата, го отсликува искуството со кое многумина ќе се соочат со повторното појавување во светот.

Објаснувајќи ја оваа тема, дизајнерката вели: „Колекцијата и ревијата настојуваат да ја доловат, радоста на секојдневието – дека живот може да биде еуфорично искуство. Многу радост може да излезе од нешто толку едноставно: кога времињата се комплицирани, ние бараме едноставни, директни радости. Невиност “. Фокусот на радоста го повтори и Simons, кој додаде: Основното чувство е радоста. Како сеќавањето на детето, радоста кога оди на плажа. Наједноставно и најискрено од сите задоволства. Во сета своја едноставност, тоа е исто така нешто многу значајно и безвременско./M.M.

Prada

Prada

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.