Растот на мицелиумот, со чија помош е направен лустерот, е експоненцијален, што го прави суштествен дел од одржливото производство, бидејќи во основа е бескрајно репродуктивен.

Myceen, компанијата за материјали со седиште во Талин, создаде серија на лустери, наречени B Wise, направени од мицелиум. Лустерите, претставени на Неделата на холандскиот дизајн, предизвикаа голем интерес кај посетителите и стручната јавност.
Лустерите се направени од мицелиум – вегетативниот дел на габата, додека за формирање на рамката се користени иверица и алуминиум.
За да се создадат површините на Myceen, широки 60 сантиметри, користен е отпадниот органски материјал од дрвната индустрија, измешан со мицелиум, структурата што ја користат габите за да својот растат. Смесата потоа се истура во калапот за лустер и се остава да расте под контролирани услови на температура и влажност.
Бидејќи мицелиумот делува како природна врзувачка компонента, не беа потребни лепак или адитиви. Откако ќе се наполни, материјалот се отстранува од калапот и се дехидрира за да се спречи натамошно проширување. Целиот процес трае околу пет недели.

Биоматеријалот е развиен во лабораториите на Myceen во Талин
Површината на лустерот е мошне мека на допир, а и полесен отколку што може да се замисли, тежи околу три килограми.
Мицелиумот неодамна е користен и за изработка на кациги за велосипедисти. Станува популарен и меѓу модните брендови, како Stella McCartney, Adidas и Hermès кои инвестираат во биоматеријали.
Благодарение на неговите својства, се верува дека мицелиумот може да ги замени синтетичките материјали во голем број производи, како на пример кај мебелот./М.М.

 

You may also like

Comments are closed.