Лео Мартин, eден од најпознатите изведувачи на поранешните југословенски простори, годинава на „Охрид фест“ ја добива наградата за безвременски хит. Композицијата „Одисеја“, евидентен евергрин, добива уште едно признание, а „Охрид фест“ останува доследен на својата цел да ги испочитува големите имиња од минатото, на сите оние кои оставиле трага во музиката.
– „Одисеја“ е вонвременска песна, ја пеат и стари ама и млади, на разни натпревари. Тоа е добро, вели Лео Мартин, бидејќи и даваат надеж на добрата музика која се слуша. За жал, денес музиката повеќе се гледа одошто се слуша и – тука престанува музиката. Што се однесува до фестивалското признание, се разбира дека бев почестен што „Одисеја“ е прогласна за безвременски хит. Навистина ми е голема чест./M.M.