Омилените модни брендови во Берлин, Милано и Париз веќе ги претставија своите колекции за наредните сезони со кои ги најавија и модните трендови. Со оглед на тоа дека почетокот на годината е обележан со лежерни модни трендови и модели, модните брендови ги претставија панталоните од кожа во нивното најудобно издание.
Иако кожата ќе изгледа одлично во комбинација со омилените парчиња облека, од кошула и фустан до јакна и модни додатоци, панталоните од кожа ќе се модел што годинава ќе е во највпечатливото издание.
Кожените панталони во нивното најудобно издание оваа година често ќе ги заменат дури и омилените модели на фармерки. На границата помеѓу класичните и трендовските модели, го носат најдоброто од двата света./M.M.