Vanilla Milk од Ellis Brooklyn – нова, млечна интерпретација на класичната ванила
Оваа есен во парфемската индустрија доминира нов тренд – лактонски парфеми, мириси со кремаста, топла и суптилно овошна нота. Иако терминот потсетува на млеко, станува збор за синтетички соединенија наречени лактон, кои создаваат мек и обвиткувачки мирис, особено во комбинација со амбра, ванила или кокос.
Овие мириси се сметаат за понежна верзија на гурманските парфеми. Тие не се премногу слатки, туку претставувааѕ рамнотежа помеѓу топлина и елеганција, со текстура што потсетува на крем или кадифе. Токму затоа се омилени меѓу љубителите на парфеми што сакаат мирис што останува суптилен, но се памети.
Меѓу најпознатите претставници на овој тренд е Vanilla Milk од Ellis Brooklyn. Претставува современа интерпретација на класичната ванила, со длабочина и карактер што постепено се развиваат на кожата. Почетокот е нежен и млечен, со суптилна сладост што ја надополнуваат цветните ноти на фрагипани и божур, а потоа преминува во топла база од амбра, сандалово дрво и мошус. Резултатот е балансиран парфем што зрачи со мекота, топлина и женствена софистицираност – идеален за студените есенски денови.




















