Кореанската дизајнерката Sohee Park, која живее и твори во Лондон, ја претстави својата сouture колекција за пролет/лето 2025 година, во која се комбинирани традиционалната корејска изработка со современата висока мода.
Колекцијата содржи заводливи корсети, многу тантела и контрасти на меки романтични нијанси, со темни, заводливи акценти.
Инспирирана од винтиџ антиквитети и традиционалната корејска уметност, Sohee Park ја преобмислува женственоста преку смел објектив, славејќи ја убавината на некои минати времиња и модернизирајќи ги во извонредни модни парчиња.
Sohee Park го воодушеви Париз и посетителите на неделата на високата мода со својата смела реинтерпретација на женственоста. Имено, на пистата беше манекенката Coco Rocha во кожен корсет, проѕирен костум од тантела и кожени чизми над колена.
Овој изглед претставува контраст со остатокот од колекцијата, во која доминираа каскадни тоалети и бисерни акценти кои потсетуваат на модното шоу на Mugler во есента 1995 година.
Колекцијата ја спои традиционалната корејска изработка со современата мода, црпејќи инспирација од династијата Chosun, со чипка наречена Chantilly, која сега беше обвиткана врз лицата на моделите, создавајќи сензуална, но и затемнета привлечност. Дизајните, исто така, вклучуваа сложени рачно извезени украси, вклучувајќи и кристали Swarovski, монистра и Najeonchilgi, во чест на традиционалната корејска флора и фауна.
Колекцијата отелотворува деликатна хармонија на меки, романтични нијанси во контраст со смели џет-црни акценти, објаснува Park во белешките за ревијата. Мојот невестински изглед е визија за чистота и грациозноста и се споредува со бисер во обвивка…таа е одраз на мојата визија за модата и за модерната невеста.
Дизајните раскажуваат приказна за занаетчиството и културата, каде винтиџ предметите се трансформираат во блескави, современи силуети. Колекцијата на Park е впечатлив спој на културен омаж и модерна, скулптурна мода, која остава незаборавен впечаток во светот на модата./М.М.