На годинешниот „Охрид фест„ за прв пат ќе настапи Кристијан Рахимовски, синот на Аки Рахимовски, легендарниот вокал на „Парни ваљак„.
Благодарен сум за поканата на „Охрид фест“ и верувам добро ќе се забавуваме на фестивалот. Песната што ќе ја изведам се вика „Само љубав“ и во вистинско време е, вели Кристијан Рахимовски.
Цел живот слушам за Охрид, ми зборуваше татко ми, таму имаше многу пријатели, се надевам дека некои и ќе запознам. Ова за мене е прилика уште повеќе да се поврзам со своите корени, затоа што го носам македонскиот ген. Срцето ми е полно, а дека премногу се радувам на доаѓањето, малку е да се каже.
Македонија допрва ќе се запознае со мојата работа, огромна желба ми е да продолжам она што го правеше татко ми, истакнува Рахимовски. Среќен сум што во себе си ги спојувам Хрватска и Македонија./М.М.
More in:Вести
H&M и Чарли XCX со ненадеен концерт за сите
Во знак на прослава на празничната колекција на H&M, илјадници љубители на музиката и на ...
Спомените ги чува и телото – не само мозокот!
Општо е познато дека мозокот, односно мозочните клетки – складираат спомени. Но, тим научници од ...
Глен Мартенс – гостин дизајнер на H&M за Есен 2025 година
H&M со задоволство објави една од своите следни дизајнерски соработки – значајно партнерство со Глен ...
Од утре во Скопје Сити Мол „Фестивал на чај“
Со слоганот „Време е за чај“, од утре до 17 ноември, на приземјето во Скопје ...