Виното Кратошија, берба 2019 година, дел од таканаречена „премиум линија“ на Винарија Сковин и донесе сребрен медал на годинешново издание на „International Wine Challenge“, во Лондон.
Вината „Темјаника“ од серијата „Selected edition“, берба 2019-та и „Санџовезе „ од серијата „Premium line“, од бербата 2017-та, од жирито добија специјално признание и препорака.
Традиционално, на оваа манифестација секоја година учествуваат 50-тина земји, натпреварувајќи се со над 10 илјади мостри високо квалитетни сорти и видови вина од цел свет. Дури и во услови на пандемија, кога поголемиот дел од бизнисите се во мирување, на лондонскииот настан присуствуваа сите кои имаат влијание во глобалната винска индустрија.
Оценувањето се врши од тимови составени од експерти, познавачи и влијателни лица од меѓународната индустрија за вино, што оваа награда ја прави уште поценета./М.М.