„Кортизол лик„ е најнова опсесија поврзана со здравјето на TikTok. Се работи за нов здравствен тренд, навидум од никаде појавен на оваа апликација. „Кортизол лик„, или „moon face„, како што некои го нарекоа, е малку отечено лице, предизвикано од наводно зголемено ниво на кортизол.
Вообичаено, кортизолот – или главниот стрес хормон, во телото се зголемува и се намалува зависно од дневните активности на телото и умот, како и од исхраната. Стресот, било да е физички, емотивен или ментален, делува на надбубрежната жлезда што резултира со ослободување на кортизолот во циркулацијата. Секогаш кога телото е под стрес кортизолот се ослободува во крвотокот.
Кога се зголемува кортизолот во телото, понекогаш се случува процес познат како липогенеза, каде што се создава масно ткиво особено околу лицето, вратот и стомакот.
Со промената на обликот на лицето и промените на расположението, како некои од главните знаци на феноменот „Кортизол лик“, се јави и конфузија за тоа како зголеменото ниво на кортизол всушност влијае на телото.
Благодарение на TikTok, зголемените нивоа на кортизол станаа најразлични, навидум неповрзани поводи за низа здравствени проблеми, за кои се зборува на оваа апликација. Бројните постови и сведоштва на многу корисници на социјалните мрежи се повод и експертите да се согласат дека стресот може да влијае врз изгледот на лицето.
Хронично високо ниво на кортизол може да доведе до промени на лицето, но таквите ефекти вообичаено не се гледаат надвор од познатите медицински состојби. Во повеќето случаи, секојдневниот стрес не го подига кортизолот до ниво потребно да се направи таква драматична физичка промена, изјави д-р Vijay Murthy, ко-основач на Murthy Health, во интервју за Healthline. Многу од грижите околу „ Кортизол ликот“ се всушност несакани ефекти од другите аспекти на дневната рутина, како промени во исхраната, во спиењето, режимот на хидратација и секојдневното вежбање. Намалувањето на внесот на натриум, избегнувањето на одредени лекови – кога е тоа можно, како и многу сон, можат да помогнат да се намали појавата на подуено лице.
Кога се зголемува кортизолот во телото, понекогаш се случува процес познат како липогенеза, вели Abbas Kanani, фармацевт во Chemist Click, во интервју за Healthline. Таа создава масно ткиво особено околу лицето, вратот и стомакот. Во случајот на многу млади жени кои на интернет се интересираат за феноменот „Кортизол лик“, промените на лицето во текот на раните 20-ти често се должат на нормалните промени на телото што доаѓаат со зрелоста.
Настрана од ова, зголеменото ниво на кортизол може да биде показател за посериозна хронична медицинска состојба како Кушингов синдром, така што за оние кои се загрижени за ваквата можност, треба да посетат лекар, заклучува Kanani.
Како и кај многу други феномени, дискурсот околу лицето на кортизол е важен за препознавање на знаците на нездрави аспекти во животниот стил. Прилагодувањето на дневната рутина, грижата за себе или одредени смирувачки хидрирачки третмани, можат да помогнат во борбта против стресот, поврзани со ефектите брз изгледот на лицето. Во овој случај, клучното нешто од овој тренд е да му дадете приоритет на вашето здравје во секојдневниот живот./М.М.