Скопје, 20 април 2021 година – Компанијата Samsung Electronics на светски познатиот меѓународен форум iF Design Award 2021 освои рекордни 71 награди. Samsung освои и две златни, од вкупно 36 награди за дизајн на производи, десет за професионални концепти, единаесет за комуникациски дизајн, пет за дизајн на пакување и девет за корисничко искуство (UX), кориснички интерфејс (UI) и дизајн на услуги. 

Златни награди добија прочистувачот на воздухот BESPOKE AX9000N и BESPOKE City Color Edition линијата панели. BESPOKE AX9000N прочистувачот е препознатлив по својот иновативен концепт кој им овозможува на корисниците да изберат дизајн на предниот дел на уредот, во согласност со нивниот стил и начин на живот. Со тоа, BESPOKE City Color Edition линијата е наградена за широкиот избор на бои и материјали за кујнски апарати, вклучувајќи фрижидери, индукциски рингли и рерни, инспирирани од градови како Стокхолм, Берлин и Сеул.

„Од исклучително значење за нас е да обезбедиме разновидни искуства и нови вредности во животот на корисниците. Затоа, континуирано вложуваме напори да создадеме иновативни дизајни што ќе им го олеснат секојдневието“, изјави Dontae Lee, извршен потпретседател и директор на Центарот за корпоративен дизајн во компанијата Samsung Electronics.

Во категоријата производи, Samsung освои награди и за:

  • QLED 8K телевизор со „бесконечен“ дизајн на екранот, кој дава максимално извонредно искуство благодарение на скоро невидливите рабови;
  • The Premiere, врвен проектор опремен со Triple Laser i Ultra Short Throw технологија;
  • WW8000T машина за перење алишта и DV8000T машина за сушење алишта, кои можат да се стават една врз друга, една до друга или одделно, во зависност од расположивиот простор;
  • Galaxy Z Fold2 и Galaxy Z Flip, уреди кои обезбедуваат уникатно и иновативно корисничко искуство за паметни телефони на расклопување;

Во останатите категории, со акцент на дизајнот и грижата за животната средина, Samsung освои награди за:

  • WW8000T машина за перење алишта и DV8000T машина за сушење алишта, за попаметно и полесно корисничко искуство, со додавање на налепницата на Брајовото писмо и звучни реакции што означуваат различни циклуси или температурни поставки;
  • Еко пакување на производите – пакување направено од одржливи материјали кои го олеснуваат рециклирањето.

Во организација на iF International Forum Design GmbH, натпреварот iF Design Award за прв пат се одржа во 1953 година во Германија. Овој натпревар сеопфатно ги оценува производите и услугите засновани на критериуми класифицирани во девет различни категории – производ, пакување, комуникација, професионален концепт, ентериер, архитектура, дизајн на услуги, корисничко искуство (UX) и кориснички интерфејс (UI).

Добитниците на iF Design Award 2021 се наведени на официјалната веб-страница на iF Design Award и iF Design апликацијата. За повеќе информации, посетете ја страницата: https://ifworlddesignguide.com

####

 

За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологија, Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областите на телевизиските апарати, паметните телефони, носечките уреди, таблети и дигитални домашни апарати, мрежни и LSI системи, меморија и LED технологија. За дополнителни информации и вести, посетете ја news.samsung.com.

За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.

You may also like

Comments are closed.