Creative director Pierpaolo Piccioli за преставување на колекција за висока мода на Valentino, Des Ateliers, одбра историска локација во Венеција – Gaggiandre на Arsenale
Ревијата на високата мода, со вкупно 84 изгледи беше преставена на 15 јули, во рамките на одржувањето на 49-от Интернационален Фестивал на Театарот – Biennale Teatro 2021.
Gaggiandre се две поранешни бродоградилишта со големи внатрешни пристаништа, изградени помеѓу 1568 и 1573 година. Според архивските податоци, тоа е дел од Арсенале, најголемиот производствен центар во Венеција во време пред индустриска ера.
Arsenale со децении е домаќин на меѓународни изложби за уметност и архитектура, на бројни меѓународни фестивали, како и на La Biennale di Venezia.
За да не се наруши природната рамка на просторот, за модната ревија не се правени никакви надополнувања. За Pierpaolo Piccioli историскиот простор и панорамата на Венеција се вистинската рамка за високата мода на модната куќа Valentino.
Ревијата има бело опкружување што, според модната куќа, преставува потврда за одржливоста за секој дел од процесот, имајќи ја предвид животната средина. „Меѓународниот стандард ISO 20121, во специјалниот комплет вклучува одржливи материјали, хартија и картон од одржливо управувани шумски извори, како и рачно, уникатно изработени ткаенини, шиени во Милано“.
Целата ревија може да се види на сајтот на Valentino, како и сите 84 изгледи на Des Ateliers колекцијата на висока мода. Des Ateliers на Valentino тоа и е – во секоја смисла на зборот./М.М