Инсталацијата од скулпторски ратан во тајландската уметничка галерија е дело на Enter Projects Asia. Претставува своевиден патоказ низ уметничката галерија сместена во Чианг Маи, на северот на Тајланд.
Архитектонското студио Enter Projects Asia користеше алгоритам за дизајнирање на структурата, која во еден дел наликува на змии, сместени во различни простори на галеријата.
За разлика од конвенционалните уметнички галерии, уемтничката инсталација е поставена со цел да се создаде ново, извонредно галериско искуство, во простор исполнет со топлина и длабочина.
Галеријата, изградена за колекционер во Чианг Маи, всушност е комплекс од 2.000 квадратни метри, со серија павилјони и градини, во који е сместена колекција од сребрен прибор, како и Wedgwood порцеланите.
Целта на претворањето на галеријата во уметничка инсталација беше да се создаде поинаква интерпретација на традиционалната галерија, врз основа на резултатите на истражувањето на студиото за параметарски дизајн и динамички форми. Осветлувањето создава топол сјај и во текот на денот и во ноќта, додека скриените светла прават посебни композиции со ратанот.
Enter Projects Asia најчесто работи со ратанска палма, која е природен ресурс и ја има во изобилство во регионот. Ратанот овозможува изработка на оригинални енетериери – мебел со ангажирање на локалните занаетчии./M.M.