Како впечатлив спој на архитектурата и природата, Line+ Studio изработи две извонредни градби во Жеџијанг, Кина, насловени како Waven Gateway (Ткаена порта) и Sky Ring (Небесен прстен). Градбите имаат за цел на посетителите да им понудат повеќе од живописната област, едновремено одржувајќи хармонија со прекрасниот рурален пејзаж.
Сместено меѓу мистични планини, селото Xiayanbei е популарно место за активности на отворено. За да ги реши предизвиците условени со ограничената инфраструктура и капацитетот на прием на посетители, Line+ Studio се фокусираше на стратегии за одржлив дизајн.
Така Woven Passage, 20-метарски тунел направен од испреплетени елементи, служи како впечатлив влез во селото. Инспириран од бамбусовото наследство на регионот, тунелот го врамува пејзажот едновремено штитејќи го главниот пат од ерозија, предизвикана од обилни врнежи. Покривот на тунелот е направен со плочки од црни шкрилци од локално потекло за беспрекорно вклопување во околината.
Дизајнот на преминот, според Студиото, има за цел едновремено да биде и обележје и средство за реставрација на пејзажот.
Во непосредна близина на овој несекојдневен тунел, е Небесен прстен, Sky Ring — метеоролошки балон во облик на крофна што лебди над просторот за собирање на податоци точно над дефинираните локации.
Претставувајќи и симбол и функционален метеоролошки балон, Небесниот прстен ноќе го осветлува пејсажот со светла што ја менуваат бојата. За земјата е поврзн со посебни кабли кои овозможуваат искачување до 25 метри над површината. кога тоа го дозволуваат временските услови.
Освен особено визуелно доживувње овој иновативен пристап нуди визуелно доживување и нови можности за развој за Xiayanbei, позиционирајќи го како единствена дестинација на конкурентниот пазар на рурален туризам.
Со Woven Gateway и Sky Ring Студиото Line+ продолжува да ги поместува границите на архитектонскиот дизајн со кој се создава во хармонија со природата./М.М.

You may also like

Comments are closed.