Во Хаику, главниот град на островот Хаинан, во јужна Кина, викендов е отворен најголемиот бесцарински трговски центар во светот.

Се простира на 280.000 метри квадратни, со што е поголем и од трговскиот центар на Флорида, Aventura, а го надминува и Westfield-London, најголемиот трговски центар во Европа.

Новиот продажен комплекс е целосно посветен на бесцаринскиот шопинг.
Haikou International Duty Free или Елдорадо на луксуз без данок е замисла на кинеската туристичка групација Duty Free (CDF), со цел да направи промоција на островот и да привлече туристи од земјата и странство.

Најголемата бесцаринска продавница во светот на овој јужен кинески остров ќе биде и алтернатива за прекуокеанските патувања за кинеските граѓани, по воведувањето на политиката на нулта ковид на копното./М.М.

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.