Олимписките игри официјално се во тек! Јапонската кантавторка Misia на отворањето во Токио, беше облечена во бел фустан кој на долниот раб завршува во боите на виножито, модел што го потпишува јапонскиот дизајнер Тomo Кoizumi.
Tomo Koizumi работи во Токио, иако последните години е и во Европа и САД. Креира за јапонските поп ѕвезди како и за славните, меѓу кои е и Lady Gaga. Koizumi има повеќе извори на инспирација – од сликите на облеката на Cristóbal Balenciaga и Leigh Bowery, до статуи од Buddhа, јапонските кукли, цвеќе и скулптури. Сепак, сликите на Galliano за Dior што ги видел на свои 14 години биле вистински импулс да се определи за модата, како негова иднина. Kантавторка Misia ги отвори Олимписките игри во Токио, облечена во бел фустан./M.M.