GIESSWEIN

Последниот хит на GIESSWEIN се вика Cactus Sneaker 🌵. Патиките се направени од „кожа„ направена од кактус – најновиот иновативен материјал што поседува карактеристики на кожа од животни.

GIESSWEIN

Од брендот истакнуваат дека материјалот е сеуште нов на пазарот и дека патиките се првиот производ  во чија изработка ќе биде користен. Оваа алтернатива на животинска кожа, се истакнува, е во духот на нивната Green Strategy. Сето и особено затоа што кактус кожата е навистина чудо од конфор: лесна, флексибилна, температурно регулаторна… Поседува толку добри особености што од GIESSWEIN се надеваат дека на пазарот ќе бидат за многумина идно едиствено решение кога е во прашање изборот на патики.

Материјалот што се користи во новите Кактус патики е направен од целосно биоразградливи влакна од кактус. Партнерската плантажа на кактуси се наоѓа во Мексико и е целосно органска.

Веганската кожа не е само еколошка, туку има и многу позитивни својства во однос на кожата од животни. Ѓон, изработен од природна гума, обезбедува добар контакт, правејќи ги патиките лесни и удобни./M.M.

GIESSWEIN

You may also like

Comments are closed.