Доколку одговорот не подразбира надградба, тогаш останува серумот, како средство со чија нега, по одредено време, се постигнуваат добри, па дури и посакувани ефекти. На пазарот можат да се најдат бројни серуми за подобрување на растот и квалитетот на трепките и најголем дел од нив содржат рицинусово масло.
Некои содржат и витамини, како и повеќе видови масло. Pure Natural серумот, освен рицинусово, има и маслиново масло, како и витамин E.
Серум, или, масло за нега на трепките, па и на веѓите можете да направите и самите дома, со органско рицинусово масло и белка од јајце. Се нанесува внимателно, со чиста четкичка или памук. Со редовна употреба доаѓа до активирање на фоликулите на трепките и на веѓите, а по три до четири недели и до саканите резултати.
Освен рицинусово масло, во некои од серумите за домашна употреба се додава и аргановото масло и витамините Б и Е./М.М.