Ист Гејт Mол го означи и официјалниот почеток на празничните настани во претстојниот период со 12-метарската елка, која ја осветли Sarah Mace, за време на својот оригинален „а капела„ настап од празнични песни со The Christmas Girls.
Атмосферата беше надополнета со веселиот Дедо Мраз, кој на присутните дечиња им приреди слатко изненадување со подарување на неодоливи новогодишни пакетчиња, а елегантните Brasstet Skopje ја збогатија празничната магија во молот со изведба на некои од најпознатите безвременски празнични мелодии.
Од 15.12.2021 (среда), започнуваат Design Gate (ексклузивна продажба), од 15.-20.12.2021, се очекува и „Unview the new – by BMW“ настанот на 25.12.2021 (сабота), а атмосферата во молот секако е секојдневно позабавна со студиото во живо на City Radio во Ист Гејт Мол.
Еден од најочекуваните празнични настани во Ист Гејт Мол е гламурозната „Празнична и магична GLAM ревија“, која што ќе се оддржи на 16.12.2021 (четврток) со почеток во 17:00 часот, а по која што секако ќе следи и „Музичкиот танцов фестивал“, каде во сабота на 18.12.2021 најмалите посетители во Ист Гејт Мол со почеток во 13:00 часот заедно ќе се забавуваат со единствените Поточиња и маскотата Поки, а и ќе уживаат во танцовите точки на познатите студија Eat the Beat, Aqua Dance Studio и Еурека.
На 23.12.2021 следуваат слатките празнични вкусови на настанот „Christmas Cooking with Branko by Vitaminka & East Gate Mall“, кој што се очекува да започне во 17:00 часот.
Сите љубители на добра храна и вино од 23.-25.12.2021 ќе можат да бидат дел и од „Wine & Dine Фестивал“, а авантуристите ќе имаат шанса да дознаат повеќе за голем број дестинации на „Регионалниот Саем за туризам“ од 17.-18.12.2021.
Во празничната магија на Ист Гејт Мол ќе се вклучи и Полифонија (детски хор), – музичка платформа на млади уметници, која ќе се претстави со свои настапи на 19.12.2021 (недела) од 12:00 часот и на 30.12.2021 (четврток) со почеток од 17:00 часот./М.М.