По голем број прослави на стотиот роденден на Chanel No.5, создадена е и нова инсталација која се осврнува на наследството на брендот, но и кон иднината на природата. Инсталацијата е дизајн на Es Devlin и се вика „Five Echoes“. Ги комбинира темите на одржливоста со мотивите на животот на Gabrielle Chanel.

 

Станува збор за просторот во Jungle Plaza, во Мајами, наменет за концерти, фестивали и други настани, каде што е отворена и оваа инсталација со изложба посветена на иконскиот парфем и на неговиот создавач.
Надворешниот дел на архитекстонската градба има подигната платформа во центарот – како крајна точка на лавиринтот, каде што се наоѓа плато за набљудување. Посетителите можат да се искачат на платформата и да се спуштат во просторот под неа. Ѕидовите и таванот во внатрешноста на инсталацијата е исполнета со посебно осветлени огледала, кои го симболизираат молекуларниот состав на парфемот Chanel No.5.


Дизајнерот ја зеде предвид еколошката компонента на проектот, така што по завршувањето на презентација на инсталацијата, сите материјали користени во изградбата ќе бидат префрлени на локалните уметници, за повторна употреба. За создавањето на инсталацијата на Chanel направен е и филм.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.