
Најавата на Kering за именување на Demna за нов креативен директор на Gucci, не предизвика посакувана реакција кај инвеститорите. Спротивно. Акциите на групацијата Kering, кој е сопственик на италијанскиот бренд ,паднаа за дури 10% во петокот, што е недвосмислено потврда на загриженоста дека со ова именување нема да се постигне бараниот пресврт во борбата на Gucci со слабата продажба.
Скептицизмот на инвеститорите, според анализата на Fashionunited, произлегува од неизвесноста дали дизајнерската филозофија на Demna е во согласност со наследството на Gucci. Познат по своите диступтивни маркетинг стратегии во Balenciaga, Demna има тенденција да се фокусира на streetwear и концептуална мода – пристап кој се смета дека е во контрадикција со традиционалните луксузни кодови на италијанскиот бренд.
Според аналитичарите, Demna можеби бил еден од факторите за раст на приходите на Balenciaga од 350 милиони евра на повеќе од 2 милијарди евра, (но само до 2022 година), покажувајќи способност за постигнување на комерцијален успех. Сепак, неговиот мандат од тогаш го следат контроверзни камшањи и маркетиншки грешки кои предизвикаа јавни негативни реакции, како и постојан пад на приходите на Balenciaga, со последователно натрупување на загубите. Се земе ли предвид дека се работи за човек што кесите загубре со лого на Balenciaga ги нудеше по цена од 2000 евра, а поради контроверзната кампањата со деца имаше глобален бојкот на Balenciaga која од тогаш и не се опорави, јасно се поставува прашањето дали тој е и може ли воопшто да биде вистинскиот чувар на брендот Gucci.
Иако Demna своевремено бил познат по својата иновативност, прашањето е дали неговиот пристап е во согласност со брендот кој има долга традиција на луксуз и елеганција. Некои стручњаци спекулираат дека Gucci би можел да помине низ уште една радикална трансформација, па и промени на визуелниот јазик на брендот, кои досега беа најголеми адути на фирентинската модна куќа.
Иако е познат по трансформирањето на брендови и поврзување со новите генерации, предизвикот Gucci се смета дека е над неговите способности да ја балансира традицијата и иновацијата. Во моментов, пазарот останува резервиран кон идејата Demna да ја креира иднината на еден од најпрестижните брендови во светот./M.M.