Доколку тоа е и вашето ново секојдневие, како една од последиците на пандемијата, веројатно сте се запрашале и како најбргу најдобро да се средите за видео состанокот. Веројатно понекогаш мислите и дека дента не сте за ваков вид состаноци, а и се прашувате – може ли и поинаку?
Нанесувањето соодветна шминка може да даде малку поттик во овие навидум мрачни денови.
Стилистите имаат одговор, односно предлог за брзо и лесно средување за помалку од две минути.
За да изгледате свежи и привлечени во ист момент шминкерката Кети Хјуз предлага брза корекција на лицето и на усните со црвен кармин. „Мислам дека единственото нешто што ќе направи најголема разлика преку камерите е црвениот кармин“, вели таа.
Помислата да нанесете црвен кармин освен на усните и на образите може да изгледа застрашувачка, но клучот е изборот на вистинската формула. „Дефинитивно карминот треба да е нешто помеѓу сатен и мат“, како Revlon Luscious Ma<es. /М.М.