Традиционалната изложба на модни креации на студентите на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ годинава ќе биде отворена на 27 јуни (понеделник), во 19:00 часот, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во Скопје. Темата на која создаваа студентите годинава беше „Омаж за жената во модата„ (Hommage aux femmes dans la mode). Организатор и подржувачи на изложбата се: Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“, Француската Амбасада во Северна Македонија, Францускиот институт во Скопје и Oпштината Чаир.

Темата на изложбата, омаж за жените во модата, (Hommage aux femmes dans la mode) е посветена на жените дизајнерки, почнувајќи од првите модни авторки, кои беа активни и ги изградија основите на модата на почетокот на дваесеттиот век, до современите дизајнерки, кои сè уште се присутни и активни на модната сцена.


Креаторките кои биле и се важен дел од модата се лајтмотивот на изложбата на која од страна на учесниците ќе биде претставена модерната реинтерпретација на нивните дизајни, идеи и концепти.
Изложбата е посветена на придонесот на жената во модата и претставува обид да се види модниот свет од нејзината перспектива.
Амра Исмани

 

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.