Мелбурн доби облакодер висок 319 метри и тоа е досега највисоката станбена зграда на јужната хемисфера. Облакодерот се вика Австралија 108, а неговите создавачи се Студиото за архитектура Fender Katsalidis.
Облакодерот има 100 ката и е дизајниран да стане обележје на градот со златна ѕвезда наречена Starburst, која е украс на зданието со своето прекршување на чистите линии.
„Дизајнот се обидува да редефинира некои од стереотипите околу тоа како се градат облакодери – од иновативната Starburst ѕвезда до различните начини на коишто може зградата да се перцепира, истакнуваат од Fender Katsalidis. Постојат многу аспекти што го сочинуваат оваа навистина повеќеслојно обележје на градот и нашата цел е нејзината архитектура да биде ценета на различни начини како од жителите, така и од идните посетители на градот“.
Златна ѕвезда што излегува од облакодерот всушност е конзола од шест метри.
Хоризонталните бели ленти се обвиткуваат околу зградата и голема конзолна златна звезда излегува на шест метри нанадвор од облакодерот на околу две третини од нејзината висина.
Дизајнот на ѕвездата е формиран од австралиското знаме, од Fender Katsalidis.
Новиот облакодер е изграден во близина на Eureka Tower, висока 297 метри, го има проектирано истото студио, има правоаголна ребреста форма и има целосно застаклена надворешност за да може да се види целиот град.
„Тоа што ги проектиравме двата облакодера ни овозможи да им дозволиме на кулите да водат дијалог, да бидат партнери на хоризонтот, а секој да го искажува својот идентитет“, вели Craig Baudin, директорот на Fender Katsalidis.
Во зградата се 1.105 апартмани, распоредени низ 90 станбени ката, како и продавници за храна, спортски сали, базени, спа центи, простории за настани и застаклена градина на две нивоа./М.М.