Празничната сезона е период на давање подароци, топли желби и поминување време со оние кои ви значат најмногу. Дарувањето е еден начин за да се потсетиме колку си значиме едни со други. Одбирањето на подарок што ќе им посака на блиските среќна и стилска Нова година, е предизвик кој ние со смелост го прифаќаме.Кога станува збор за момците, модерниот подарок може да дојде во форма на аксесоари што ќе го „освежат” нивниот стил. Нов часовник, зимски шал, или можеби нов ранец што ќе соодветствува со нивните омилени „аутфити”. Додатоците му даваат „шмек” на изгледот и се идеален подарок за мажите во вашиот живот. Пријатно изненадување за момците исто така би бил и џемпер за претстојните студени денови. Добар џемпер може да се комбинира на многу начини, а џемперите со неутрални бои се совршен фит за сите стилови.
Кога зборуваме за стил, повеќето мажи го преферираат спортскиот или „кежуал” стилот, па затоа обожаваат дуксери и никогаш немаат доволно во гардероберот. Токму поради тоа, нов дуксер би бил идеален подарок за празниците.
За девојките модерниот подарок може да бидат нов чифт топли ракавици, омилената капа оваа сезона, или нов шал што оди во комбинација со сè.
Секоја девојка обожава нов сет на зимски пижами за студените денови, па некоја од комбинациите што ги подготвивме би била совршен подарок за да и посакате топли желби овие празници.
Девојките не можат да одолеат на нов црн фустан, или па нова блуза или кошула идеална за секоја девојка да се чувствува модерно и разгалено. Ние ви ги предлагаме комбинациите кои се совршени за модерна честитка за празниците.
Ви посакуваме празници постилски од кога и да е, како и пријатен шопинг со цел да ги израдувате најблиските со парчињата од брендовите на Fashion Group, кои може да ги најдете на fashiongroup.com.mk или на бесплатната апликација.
За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.