МодаТрендови

Идниот винтиџ на Schiaparelli

Според белешките на Schiaparelli, новата рrêt-à-porter колекција за пролет/лето 2025 е направена нарочно струкирана. Ова е неверојатно време, се вели, овозможува дизајнирање со вистинска цел, а за Schiaparelli целта е победа на баналното. Иако, можеби светот е похаотичен од кога и да е, во Schiaparelli расположението е како за прослава: за тоа што може модата и како модата може да влијае врз вашите чуства.
За Daniel Roseberry, креативниот директор на Schiaparelli, време е во кое се напушта недефинираната естетика на луксузот и се оди кон поексцентрично, индивидуалистичко расположение. Иако неговите рrêt-à-porter колекции се уште еволуираат, Roseberry смело
експериментира, повикувајќи се на надреалистичките референци дефинирани со наследството на Elsa Schiaparelli, како и со неговата рана работа за брендот и, секако, останувајќи верен на својата смела, екстровертна визија.
Совршен пример за неговиот талент е изгледот на Kendall Jenner: сини фармерки во комбинација со боди во боја на слонова коска, со вграден корсет за растегнување. Толку далеку од вообичаен тексас изглед.
Опсесијата на Roseberry со изглед налик на песочен часовник во колекцијата се провлекува низ бројни изгледи: од дневен тексас фустан со патент и црн фустан со оглавник, до компактниот изглед на црвениот фустан и комплетот во боја на слонова коска.
Во прегледот, Roseberry нагласува дека се фокусира на создавање текстура без за него карактеристичниот вез, како во примерот со јазлите собрани во долга плетенка, или, плетениот фустан со ленти од велур, обложен со лушпа.
Се зема она што луѓето го сакаат од couture и се изработува, едноставно и без напор, вели Roseberry, сумирајќи го својот пристап кон колекцијата./М.М.
На сајтот на брендот се моделите и модната ревија за сезоните пролет/лето 2025 година: hFps://www.schiaparelli.com/en

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.