ЗдравјеКосаНасловна

Зошто маски за коса?

Маските за коса се моќни и ефикасни во обезбедувањето на бројни здравствени придобивки за вашата коса и тоа само за 20-тина минутии . Природните маски помагаат во прехраната, ја штитат и обезбедуваат влажност на вашата коса.

Рецептите што ќе ги споделиме со вас се брзи и лесни, а содржат неколку  природни состојки, што можат да се најдат во вашиот фрижидер или шкаф.

МАСКА ОД КОКОСОВО МАСЛО + ЦИМЕТ ( за раст на косата)

КОКОСОВО МАСЛО

Поради големата способност за задржување на влагата, кокосово масло  ја одржува мека косата и го спречува нејзиноto кршење. Бидејќи кокосовото масло е полно со масни киселини, продира во косата подлабоко од редовните регенератори, така што косата станува убава, мека и свилено сјајна. Препорачуваме, секогаш кога сте во можност, да го користите органското масло од кокос.

 

ЦИМЕТ

Кога се нанесува на косата, циметот ја стимулира циркулацијата на скалпот и го подобрува протокот на крв во фоликулите, стимулираќи го така растот на косата. Ако сакате подолга коса, оваа  маска е едноставно неодминлива. Циметот има антибактериски и антимикробни својства што помагаат при растот, го спречуваат првутот и опаѓањето на косата, а ги зајакнува фоликулите.

 

Состојки:

– голема лажица кокосово масло

– мала лажица цимет

Подготовка:

Измешајте ги двете состојки во сад, да добро се соединат.

Поделете ја косата надолу по центарот и почнете да ја нанесувате маската на коренот од косата.

Откако ќе ја нанесете маската користете ги врвовите на прстите за да го масирате скалпот. * Бонус масажа на главата *

Врзете ја косата нагоре и покријте ја со капа за туширање или крпа.

Оставете ја оваа маска да отстои 30-45 минути и исплакнете ја со шампон и регенератор што вообичаено ги употребувате.

Оваа маска е најефикасна доколку се користи еднаш неделно.

 

Comments are closed.

Next Article:

0 %