Според модната куќа на дизајнерката Stelle McCartney, колекцијата наменета за претстојната зима е приказна за љубовта: за љубов помеѓу мајки, ќерки, сестри, љубов кон природата, луѓето и животните. Представени се врвни кроеви за фустаните и трикотажа да бидат еснафски обликувани, со минимални силуети и со вегански чанти, направени од најнови иновативни материјали, инаку карактеристични за модната куќа.
За лице на рекламната кампања Stelle McCartney ја одбра познатата манекенка Kendall Jenner, со која ја делат големата љубов кон коњите.
Љубовта кон животните и посветеноста кон одржливоста се основниот тон на колекцијата на Stelle McCartney. Затоа и чантите Frayme и S-Wave се изработени од иновативен вегански материјал и претставуваат надополнување на модните додатоци досега изработени и од печурки и од морска трева./М.М.
Деталите за зимската колекција се на следниов линк: https://www.stellamccartney.com/us/en/women/winter-2023-collection?page=2&start=0&sz=48