Во пресрет на новогодишните и на божиќните празници, во недела, 22 декември, со почеток во 12 часот, во Арената Јане Сандански ќе биде одржана „Зимска бајка“,неколкучасовна журка и спектакл за деца, со нивните омилени ликови и музички ѕвезди.
Организаторот, D- Sound продукција, најавува новогодишен спектакл за деца, со нивните омилени „Златни славејчиња“, „Поточиња“, Биби и Боби, а децата ќе другаруваат и со маските на „Pаw Patrol“ („Патролни шепи“). Домаќини на ова весела програма се внучињата на Дедо Мраз: Андреј и Панчо од ДНК.
Организатор на „Зимска бајка“ e D- Sound продукција, a билетите можат да се купат на kupikarta.com.
„Зимска бајка„ според организаторите, претставува можност да се испрати старата и највесело да се дочека Новата година, да се разбуди магијата и радост во срцата на сите посетители.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.