На 34-то доделување на годишните Gotham филмски награди во Њујорк присуствуваше и американската актерка Pamela Anderson. Поранешната ѕвезда на Baywatch, на настанот се појави во креација на Oscar de la Renta, без шминка и со пуштена коса.
Anderson – која беше номинирана за нејзината улога во The Last Showgirl – зборуваше за Prople за тоа какво е чувството да се шминка за филмот, иако надвор од екранот редовно избира начин на живот без шминка.
„Мислам – носам – понекогаш сакам да се шминкам“, вели таа додавајќи: Има и време и место за тоа. Едноставно, чувствувам дека во мојот личен живот , едноставно, тоа повеќе нема смисла. Што се однесува до тоа што значи убавината за неа – тоа е она што доаѓа од внатре, додавајќи: да се биде храбар и да се живеат своите соништа. Никогаш не е премногу доцна“, изјави таа за People./М.М.