За деновите кога бакнежите ги потврдуваат новогодишните желби, долготрајните производи за усни, што ќе траат повеќе часови и нема да оставаат траги, се повеќе од потребни.
Долготрајниот кармин е задолжителен, а стана неопходен кога секојдневното носење маски во затворени простори е воспоставено како норма.
Kilian Le Rouge Parfum Ultra Matte течен кармин
Ставен на тест преку ден, со носење маска и ноќна забава, овој течен кармин останува недопрен. Достапен е во шест нијанси, пигментиран и парфимиран (мириса на омилениот Love мирис на брендот) карминот има кремаста конзистентност која мат се суши.
Dior Beauty Rouge Dior Forever Liquid
Овој лесен течен кармин дава мат боја што не се пренесува. Од класичнот 999 Forever Dior црвен до 100 Forever Nude, разновидните 11 нијанси можат да надополнат и истакнат секој свечен изглед.
Benefit Lip & Cheek Stain and Tint
Доколку сакате да го одбегнете чувството на сувост на течниот кармин, одберете некоја од нијансите на Benefit’s Lip & Cheeck Stain and Tint која долго ја задржува хидратацијата на усните.
Chanel Rouge Allure Laque
Со празничните златни нијанси, течната боја за усни на Chanel, со густа текстура, има сјајен финиш што го потенцира гламурот. Бојата содржи два вида полимери кои и помагаат на бојата да трае цел ден, а истовремено и да ги хидрира усните.
Violette FR Bouche Matte
За драматично црвени усни, во Violette создадоа течен кармин кој се суши до кадифен, темно црвен величествен тон.
Stila Stay All Day Liquid Lipstick
Долготрајноста е и во името – течниот кармин Stay All Day на Stila ќе трае во текот на дневните и вечерни новогодишни забави./М.М.