Во годинава што заминува заедно со неа, архивата со потпис на Vivienne Westwood забележа извонредна популарност. Не само за тврдокорните љубители на модата, туку и за генерацијата која можеби го открива овој бренд.

Dame Vivienne Westwood, англиската модна креаторка и деловна жена, позната по своите андрогени креации и провокативни слогани, почина на 81-годишна возраст, „мирно и опкружена со своето семејство во Claphamu, јужен Лондон“, според соопштението објавено на Твитер. Нејзиниот сопруг, Andreas Kronthaler, за ВВС изјави: „Работевме до крајот и ми остави многу работи за понатаму да продолжам. Ти благодарам мила.“

Vivienne Westwood својот стил го градеше во 1970-тите, кога и стана позната како пионирка на панкот во модната индустрија. Јавноста ја запознава по облеката за бутикот што таа и Malkolm Meklaren го отвораат на Кингс роуд, познат како SEKS. Обликувајќи ја облеката со и кон музиката, ја дефинираа и британската панк сцена во 1970-те, на која беа и Seks Pistols, брендот на Meklaren.
Изгради глобален моден бренд со бутици ширум Европа, САД и Азија.

Vivienne Isabel Westwood е родена на 8 април 1941 во Tintvisl, во Англија, во работничко семејство.
Британската модна креаторка која своето име го стекна со панк стиловите, ќе ја паметиме и по провокативните пораки на маиците. На нив се надоврзуваат еколошките активности поради који климатските промени се најдоа и на модната писта. Своите политички идеи ги промовира со и низ модниот бизнис, а меѓу позначајните се кампањите за нуклеарно разорузување и поддршка на групите за човекови права.

Откачените облеки на Vivienne Westwood беа нејзин заштитен знак.Така остана до крајот, затоа што таа не престана да работи и да креира. Така, за пролетта 2022 година, со дизајнерот Andreas Kronthaler , едновремено и нејзин значително помлад сопруг, на ревијата што го носеше нејзиното име, Vivienne Westwood претстави колекција која е своевидна мешавина на старото и на новото, инкорпорирајќи некои од класичните мотиви на нов, поинаков начин.

Во годинава што заминува заедно со неа, архивата со потпис на Vivienne Westwood забележа извонредна популарност. Не само за тврдокорните љубители на модата, туку и за генерацијата која можеби го открива овој бренд./М.М.

 

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.