Почнав да забележувам дека дури и рибите имаат фантастичен „фустан“ во боја, како и змијата и тигарот, ќе изјави Cavalli. Почнав да сфаќам дека Бог е навистина најдобриот дизајнер, па почнав да го копирам Бога…Го засновав мојот успех на моите чувства и моите согледувања и – знаев дека сум во право.
Италијанскиот моден дизајнер Roberto Cavalli, почина во својата 83. година. ANSA објави дека починал во својот дом во Фиренца, по долго и тешко боледување.
Своето животно патување низ светот на модата го има започнато во седумдесетите, кога и ја создал својата истоимена модна куќа.
Создавањето на мојата прва колекција не беше лесно , пишува на својот блог мајсторот на дизајнот….
Ентузијазмот на Mario Valentino за моите принтови на кожа влијаеше и ме убеди дека ќе можам да влезам во светот на модата – и тоа на главната врата. Почнав да размислувам за колекција целосно создадена, дизајнирана, испечатена и направена од мене. Мислев: се е во моја корист: возраста, претприемништвото и фантазијата…
Модата почна да влегува во мојата ДНК, но за да поставам колекција ми требаше искуство и познавање на кроењето што тогаш ми беше сосема непознато.
Решив да го креирам мојот стил со боја и мои принтови. Можев да направам вечерни фустани, долги здолништа, кошули, блузи, палта, кратки јакни и јакни без ракави. За среќа, не бев опседнат со формата: ми се допаднаа оние едноставни. Промената што ја воведов, во споредба со онаа на другите дизајнери, беше главно во материјалите што ги користев. Веќе имав на ум какви дизајни ќе испечатам на кожа: некои цветни мотиви и мотиви кои го имитираат дизајнот на крзното на одредени животни. Принт како кожа, на кожа. секако би биле иновација! Со помош на моделар и група хонорарни шивачки, решив да направам сосема мала колекција. Така е роден ROBERTO CAVALLI!
Освен принтови на животни Roberto Cavalli беше познат и по хипи фустаните, фармерките со песок и крпениците на тексас. Во 2005 година ја ажурира скудната униформа на Playboy Bunnies, па дури и претстави една верзија со леопард принт.
Во текот на својата кариера имал повеќе инспиративни фигури кои му служеле како музи за неговите дизајни. Некои од нив се: Elizabet Hurley, Beyoncé, Jennifer Lopez, Sharon Stone, Halle Berry…
Неговите креации биле волшебни, изразувале смелост и самодоверба, што привлекувало многу познати жени ширум светот./М.М.